Home Вебкафе Тивката смрт на езерото со 120 островчиња

Тивката смрт на езерото со 120 островчиња

Своевремено најголемото солено езеро на Блискиот Исток, Урмиа во Иран, кое е познато по тоа што има 120 острови, полека, но сигурно исчезнува од лицето на планетата Земја.

За само 20 години големата солена површина со 120 острови во близина на турската граница, се намалила за 10 отсто поради многу високите температури. Од 70-те години на минатиот век езерото е помало за дури 90 отсто.

Причина за тоа е изградбата на брани и дупчењето што го спречува протокот на вода од шеесетина околни реки и притоки.

Поради тоа значително се зголемил салинитетот на водата и тоа влијаело врз бројните животински видови кои тука опстојуваат. Дури и ендемски видови ракови, кои можат да поднесат големо количество сол, повеќе не можеле да се приспособат на промените во Урмиа.

Најмалото островче во Урмиа

За да го заштитат езерото од исчезнување, УНЕСКО и СЗО употребуваат технологија за наводнување фарми и спречуваат илегално дупчење. Сезонските дождови помагаат езерото да не пресуши, но тоа не е доволно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кралицата на гламурот се среќава со холивудската легенда: Ким Кардашијан со историските обетки на Елизабет Тејлор

Во светот каде што модата сè почесто ги надминува границите на обичното и навлегува во тер…