Home Актуелно Русија ја обвини Украина за нападот на Москва со дронови – објавена снимка од ударот на беспилотно летало

Русија ја обвини Украина за нападот на Москва со дронови – објавена снимка од ударот на беспилотно летало

На социјалните платформи се споделува снимка од нападот со беспилотно летало врз Москва рано утринава, за кој руските власти ја обвинија Украина.

На снимката се слуша и се гледа силна експлозија откако дронот удри во зградата.

Додека зградата гори, граѓаните врескаат, се слушаат на видеото.

Руските власти соопштија дека три украински беспилотни летала ја нападнале Москва во раните утрински часови денеска.

„Фасадите на две деловни згради во центарот на Москва се малку оштетени“, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин на својот канал „Телеграм“.

Едно лице е повредено, а сообраќајот е привремено затворен на еден од четирите аеродроми во руската престолнина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…