„Росонерите“ слават: Малдини денес се враќа во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека Паоло Малдини конечно ќе се врати во својот матичен клуб Милан, овој пат во улога на директор.

Легендарниот Малдини во неколку наврати се поврзуваше со враќање во Милан, но овој конечно ќе се врати на местото каде што испиша историја.

Новите сопственици на Милан и директорот Леонардо инсистирале Малдини да се врати во клубот и му понудиле важна улога во раководството, која легендарниот капитен ја прифатил.

„Скај Италија“ пренесува дека се е договорено и дека во текот на денешниот ден ќе биде официјализирано враќањето на Малдини во Милан.