Мурињо кешира 60 милиони, Алдервајлед на пат за Манчестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во следните 48 часа треба да го комплетира трансферот на Тоби Алдервајлед за 60 милиони фунти, пренесуваат медиумите на Островот.

Мурињо е во потрага по врвен дефанзивец, а најголемата желба беше токму фудбалерот на Тотенхем, па раководството направи се за да му ја исполни желбата.

Претседателот на лондонскиот клуб, Даниел Леви бараше 75 милиони фунти за Алдервајлед, но англиските медиуми велат дека двете страни се согласиле на трансфер од 60 милиони фунти. Целата зделка треба да биде завршена во следните 48 часа.

Манчестер јунајтед се поврзуваше и со други имиња како Хари Мегвајер од Лестер и Јери Мина од Барселона, но Белгиецот беше прва опција за Мурињо.