Роналдо за „големото прашање“ кога ќе ја венча Георгина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во новиот документарен серијал I’m Georgina, славниот фудбалски ас Кристиано Роналдо зборува за „големото прашање“ кое „ги мачи“ неговите (но и нивните заеднички) обожаватели – кога ќе се венча со Георгина Родригез.

„Секогаш и` велам на Георгина дека ќе се венчаме кога ќе се случи тој клик, како сè во нашите животи, и таа знае што мислам. Можеме да се венчаме за една година, за шест месеци или за еден месец. Како и да е, илјада посто сум сигурен дека тоа ќе се случи“, рече Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Фудбалерот и претходно изјавил дека еден ден ќе се жени, но дека тој и неговата вереница не се оптоварени со тоа.

Инаку, Георгина и Роналдо се запознаа во 2016 година, а неодамна открија дека чекаат близнаци, девојче и момче. Двојката веќе ја има ќерката Алана Мартин и синот на Кристијано, Кристијан Џуниор, кого го доби со жена чиј идентитет не е откриен, и близнаците Ева и Матеа, кои се родени од сурогат мајка.

Деновиве фудбалерот и манекенката со децата уживаат во Дубаи. Таму Георгина го прослави својот 28 роденден, а фудбалерот ја изненади со оригинален подарок. Имено, тој објави фотографија од неа со порака на највисоката зграда на светот – Бурџ Калифа.