Роналдо: Само немојте да ме исвиркувате!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристиано Роналдо уште еднаш ја потврди својата класа во полуфиналето од Лигата на шампиони. Најдобриот стрелец во историјата на ова натпреварување постигна хет-трик во победата над Атлетико Мадрид.

После натпреварот Роналдо не сакаше да го потенцира својот учинок, туку предупреди дека реваншот се игра за осум дена.

„Ова беше целосно тимска победа. Имаме добра предност, но не е завршено. Атлетико е исклучително силен, не стигнаа случајно до полуфинале па мораме да бидеме сконцентрирани на мечот во среда“, истакна Португалецот кој доживеа овации на Бернабеу.
„Се што сакам е фановите да не ме исвиркуваат. Ако биде така, секогаш ќе давам се за нив“, заклучи Роналдо.

Роналдо со синоќешните голови стигна до бројката од 103 гола во Лигата на шампиони, а интересно е дека тој сам има постигнато повеќе голови отколку Атлетико Мадрид.