Роналдо нема да игра против Хрватска, го каснала пчела


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекцијата на Португалија вечерва игра против Хрватска во рамките на Лигата на Нации, а најдобриот фудбалер нема да биде во составот.

Како што објавија португалските медиуми Кристиано Роналдо ќе го пропушти овој меч поради бизарна причина.

Напаѓачот на Јувентус го каснала пчела, па имал оток на прстот од ногата.

„Се сомневам дека тој ќе биде подготвен да игра против Хрватска. По тренингот неговиот прст на ногата поцрвене и отече, а потоа беше востановено дека станува збор за убод од пчела“, изјави селекторот Фернандо Сантош.