Home Актуелно Камион со мигранти удрил во ограда на куќа во Куманово, возачот избегал

Камион со мигранти удрил во ограда на куќа во Куманово, возачот избегал

Триесет и четири мигранти биле пронајдени во камион во Куманово кој удрил во ограда на куќа. Возачот на возилото избегал, но набргу бил пронајден и уапсен, пренесува „Макфакс“.

Според информациите на МВР, вчера вечер околу 21 и 20 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населба Ајдучка чешма во Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи, по што удрило во ограда на една од куќите и возачот избегал.

Набргу потоа возачот М.Р.(28) од село Баница, струмичко, бил пронајден и приведен.

При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце. По целосно расчистување и документирање на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…