Home Актуелно Запленети 48 килограми дрога во Прилепско

Запленети 48 килограми дрога во Прилепско

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со ОЈО Прилеп вчера околу 20 часот запленија околу 15 килограми хашиш и околу 33 килограми марихуана, или вкупно околу 48 килограми дрога, а приведени се три лица, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„На патниот правец од Прилеп кон с. Дебреште, на место во близина на градските гробишта лишен од слобода е В.И. (55) од с. Дебрешта, кај кого се пронајдени четири вреќи со околу 48 килограми дрога (хашиш и марихуана) кои ги подготвувал за транспорт. По преземени дополнителни мерки и активности, околу 20.30 часот во Прилеп е лишен од слобода Н.Д. (46) од с. Дебреште, за кој е утврдено дека бил организатор на транспортот. Потоа од слобода е лишен и Е.И. од с. Дебреште“, соопшти Ангеловски.

По наредба од Основен суд Прилеп, извршени се претреси на три локации во с. Дебреште и одземени се две патнички возила, мерцедес и голф, во врска со овој случај. Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.

„ Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал“, рече Ангеловски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…