Роналдо: Меси е Меси, јас сум јас!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид и најдобар фудбалер за 2016 година, Кристиано Роналдо вели дека ги разбира навивачите кои константно го споредуваат со Лео Меси, иако тој во принцип не сака споредби.

Португалецот и Аргентинецот доминираат со светскиот фудбал во последните десетина години и ги освоија последните осум „Златни топки“.

„Се е тоа дел од бизнисот. Јас мислам дека работите не можат да се споредуваат. Кристиано е Кристиано, Меси е Меси. Двајцата сме големи играчи, а нашите индивидуални и тимски трофеи говорат сами за себе“.

„Тој се труди да допринесе за својот тим исто како и јас. Дури ни ги споредуваа и децата, каде се родени, во кое школо одат, кој е побрз или попаметен. Сето тоа е дел од бизнисот и јас го разбирам“, истакна Роналдо.