Славни

Да беше жив денес ќе славеше 36-ти роденден

На денешен ден, пред 36 години беше родена мега ѕвездата Тоше Проески.

По повод неговиот роденден, се потсетуваме на неговото последно интервју кое Тоше го даде неколку часа пред смртта во емисијата на Весна Петрушевска „Вртелешка“.

Инаку весел и позитивен, Тоше во текот на разговорот бил видно нерасположен, уморен и раскажува како тешко се носи со славата.

На прашањето на водителката одговорил вака:

Зарем не сакаш да се тргнеш малку од се?

„Сакам ама не можам. Машинеријата ме стави, како велаѕ, во барабан и готово. Нема враќање. Барам опоравување од секојдневните интервјуа, шминкања, тргнување на шминка, пакувања.  Патувања во Загреб, па назад, патување во Австралија… Од се ми е овде“, покажа Тоше со раката преку глава и додава:

„Правам грешки како секој нормален човек секојдневно. Не сум безгрешен, светец,ниту ангел, далеку сум од тоа, но сум далеку и од грозните приказни кои ми се препишуваат откако сум познат.“

Тоше вели дека има страв дека девојките го сакаат само затоа што е славен, а не гледаат на неговите вистински вредности.

„Не е тоа пријатно … Ни парите, ни автомобили ниту ништо друго не е пресудно за љубовта…Знам кои се вистинските вредности. Сакам таква девојка“.

Сето свое време во последните месеци го користел да оди во Крушево и да се дружи со старите пријатели, кои ги имал многу.

„Тоа многу ме спушта на земја. Не верувам во нови пријателства, бидејќи имав лошо искуство, со старите пријатели сум сигурен“, заклучува тој.

To Top