Home Спорт Роналдо избран за спортист на Европа за 2016

Роналдо избран за спортист на Европа за 2016

Кристиано Роналдо е прогласен за најдобар спортист на Европа за 2016 година во традиционалниот избор на новинските агенции од Европа.

Во гласањето кое по 59-ти пат го организира полската новинска агенција ПАП, Португалецот, кој со Реал ја освои Лигата на шампионите, а со Португалија Европското првенство, доби 204 гласа.

Роналдо во изборот го победи шкотскиот тенисер Енди Мари, кој годината ја заврши на првото место на АТП листата, а успеа да ги освои Вилблдон и Олимписките игри. Мари освои 180 поени.

На третото место се најде пливачката од Унгарија Катинка Хосу (136), четврти е шампионот во Формула 1, Нико Розберг (115), а потоа следуваат британскиот атлетичар Мохамед Фарах (93), германската тенизерка Анжелик Кербер (77), францускиот бијатлонец Мартин Фукард (74), австрскиот скијач Марсел Хиршер (54), атлетичарката од Полска Анита Влопдарчик (42) и британскиот велосипедист Крис Фрум (38).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…