Home Шоубизнис Роналдо: Фергусон за мене беше таткото што никогаш го немав

Роналдо: Фергусон за мене беше таткото што никогаш го немав

Помеѓу Кристиано Роналдо и Сер Алек Алекс Фергусон има една посебна врска и тоа е добро познато како за фудбалската, така и за пошироката светска јавност.

Роналдо секогаш зборувал дека Фергусон за него е повеќе од само тренер. Во детството Роналдо немал прилика да има татко кој ќе се грижи за него како останатите деца, тој немал некој посебен однос со таткото кој бил „алкохоличар“ и ја оставил неговата мајка.

Во Манчестер Јунајтед за првпат дојде на 18 години.

„Замислете имате 18 години доаѓате во Манчестер од друга земја и играте со ѕвезди како Гигс, Сколс, Солскјер, Кин…Малку бев нервозен, а Фергусон ми помогна да се поврзам со останатите. Често пати имавме разговор кај него во канцеларија, на почетокот имавме преведувач. Фергусон ми помогна да пораснам како човек и фудбалер, тој за мене беше татктоо што никогаш го немав“, изјави Роналдо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …