Роналдо емотивно раскажуваше за починатото бебенце кое го загубија со Георгина (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот фудбалски ас Кристијано Роналдо за првпат во јавноста отворено говореше за трагедијата која ги погоди со неговата партнерка Георгина кога пред некое време загубија едно од новородените близначиња. Тој зборуваше за справувањето со тагата, како и реакциите на неговите деца.

Роналдо и неговата девојка Џорџина очекуваа близначиња, но при породувањето изгубија едно од новородените бебиња. Преживеа нивната ќеркичка која го доби името Бела Есмералда.

Во интервјуто кое со него го направи Пирс Морган, Роналдо призна дека тоа беше најтешкиот момент од неговиот живот.

„Веројатно беше најлошиот момент низ кој минав во мојот живот. Со Георгина имавме многу тежок период, бидејќи не разбиравме зошто ни се случи тоа нам. Да бидам искрен, тешко беше, беше тешко да се разбере што се случува. Како што знаете, фудбалот продолжува, имавме многу натпревари. И минувањето низ тоа беше најтешкиот момент за мене и за моето семејство, особено за Џио“ – вели тој.

Роналдо откри дека покојното бебенце го крстиле Ангел и зборуваше за моментите кога морале да им кажат на другите деца што се случи со нивното братче.

„Кога Џио пристигна дома, децата започнаа да прашуваат каде е другото бебе, каде е другото бебе. Една недела подоцна, јас реков: ‘Да бидеме искрени со децата, ајде да им кажеме дека, Ангел, кое е негово име, отиде во Рајот’“ – признал Роналдо.

„Децата разбираат, имавме неколку дискусии на трпезата и тие велат ‘Тато, го направив ова за Ангел’ и покажуваат кон небото. Што ми се допаѓа, бидејќи е дел од нашите животи. Нема да ги лажам моите деца, ја кажувам вистината, што е тежок процес“ – дополнил тој.