Роналдо: Би бил подобар од Меси доколку играме заедно!

Во разговор за „Франс Фудбал“, Кристиано Роналдо изјави дека верува дека би освоил повеќе „Златни топки“ кога би играл со Лео Меси во ист тим, но истовремено го опиша Аргентинецот како „фантастичен фудбалер“.

Роналдо во изборот на „Франс Фудбал“ имаше 745 гласови, или 400 повеќе од Лео Меси и по четврти пат ја освои „Златната топка“.

На прашањето дали би освоил повеќе награди од Аргентинецот доколку би играле во ист тим, Роналдо одговори:

„Би било интересно кога ние двајцата би играле во ист тим. Мислам дека големите играчи треба да играат заедно. Сепак, мислам дека кого би играле во ист тим јас би имал повеќе Златни топки од него. Но, и тој не би заостанувал многу“, истакна Роналдо, кој додаде дека ќе се обиде наредната година да се изедначи со Меси.

„Ќе се обидам да го стигнам следната година. Секако ќе бидам во конкуренција, но мојата цел во моментов е да го освојам Светското клупско првенство. После тоа ќе се сконцетрирам на освојување на титулата во Шпанија. Тоа е пехар кој сите во Реал сакаме да го освоиме, а доколку е можно покрај него да ја освоиме и Лигата на шампиони би било идеално. Секогаш сакам да освојувам се“, заклучи Роналдо.