Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Ноќта неделата кон понеделник од Крф биле евакуирани околу 2.500 туристи и локално население. На Родос, за време на викендот, околу 30 илјади мораа да побараат спас од огнената стихија која веќе седум дена беснее на островот.
Полицијата соопшти дека транспортирала 16 илјади луѓе по земјен пат, и евакуирала уште 3.000 преку море. Останатите морале да пешачат или да го користат сопствениот превоз за да избегаат од огнената стихија.
Голем број туристи и локално население мораа ноќта да ја минат во сали, училишта и конференциски хотелски центри во северниот дел на островот. На аеродромот во Родос, илјадници луѓе се обидуваат да го напуштат островот, а голем дел од нив спиеја на подот, пренесува Дојче Веле.
Повеќе туристички компании го прекинаа превозот на патници до Родос, и се обидуваат да ги извлечат оние кои останале на островот.
Пламените јазици на грчкиот остров Родос дивеат, а опасноста од шумски пожари останува голема, предупредуваат противпожарните служби. Пожари во меѓувреме има и на островите Крф и Евија.
Противпожарната служба соопшти дека на дневна светлина повторно ќе се користат канадери и хеликоптери околу местото Лаерма, додека стотици лица за време на ноќта се бореа пламените да не се прошират на други населени места и селца.
И денеска има многу голема опасност од шумски пожари на југоистокот на островот поради засилениот ветар.
Во неделата на Родос беа ангажирани десет канадери, меѓу кои два од Франција, два од Турција и еден од Хрватска и осум хеликоптери, меѓу кои еден од Јордан. Долготрајните горештини дополнително ги отежнуваат напорите за гаснење на пожарите. Голем дел од островот беше без електрично напојување кое од безбедносни причини беше исклучено.