Home Вебкафе РОДИТЕЛИ ОД ПЕКОЛОТ: Своите 13 деца ги држеле со синџири за кревет и ги злоупотребувале

РОДИТЕЛИ ОД ПЕКОЛОТ: Своите 13 деца ги држеле со синџири за кревет и ги злоупотребувале

Во Калифорнија се уапсени родителите кои се товарат со обвинение за злоупотреба на деца и загрозување на нивните животи.

Полицијата ги уапси родителите откако пронајде 13 деца кои биле заробени во нивната куќа, врзани со синџири и лисици за нивните кревети, пренесуав BBC.

Станува збор за 57-годишниот Дејвир Ален Турпин и 49-годишната Луис Ана Турпин, кои ќе бидат обвинети за мачење деца и загрозување на нивните животи. Децата се на возраст од 2 до 29 години, а најдени се во куќа недалеку од Лос Анџелес. Се верува дека сите се браќа и сестри.

Полицијата за оваа пеколна ситуација била предупредена од една од жртвите која успеала да побегне во неделата од оваа куќа на хоророт и да побара помош. Десетгодишното девојче кое успеало да побегне ја известило полицијата дека сите останати деца се нејзини браќа и сестри, а сега уапсениот пар им се родители.

Полицијата беше шокирана бидејќи седум од заробените деца беа на возраст помеѓу 18 и 29 години. „Беа неухранети и многу валкани“, стои во описот од полицијата. Сите биле одведени во локалната болница.

На интернет страната од калифорнискиот сектор за образование може да се најде дека Турпин се води како личност која децата ги школува дома.

Еден од нивните соседи изјави за Ројтерс дека ова семејство било едно од оние кои се тешки за запознавање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…