Славни

Роџер Вотер од Пинк Флојд загуби милионска сума поради поддршката на Палестинците

Роџер Вотерс, член на култните Пинк Флојд, наводно се најде во големи финансиски проблеми поради повикување на бојкот на Израел.

Вотерс ја планира најголемата и најскапа турнеа досега, но поради своите политички ставови во последен момент ја загуби поддршката од American Express, која одлучи да му скрати 4 милиони долари.

AmEx го спонзорираше фестивалот Oldchella, каде Вотерс настапи заедно со многу други рок легенди. За време на концертот тој пушти неколку фотографии со натписи од типот „Кој го ебе Трамп“ и „Арогантен лажго, сексист и расист“, повикувајќи на солидарност со студентите кои се борат за правата на Палестинците.

Тој ги повика луѓето да го поддржат движењето BDS кое се залага за бојкот и санкции против Израел, додека не се реши палестинското прашање. Извор од American Express за порталот Page Six изјави: „Вотерс работи на голема турнеа за која од American Express побара да го поддржат финансиски со 4 милиони долари. Но, потоа таа поддршка ја повлекоа бидејќи не сакаа да бидат дел од аниизраелска реторика“.

Портпаролот на AmEx, пак, изјави дека тие никогаш и не планирале да го поддржат Вотерс, како и дека го одбиле за поддршка штом ја добиле понудата за тоа. „Ние работиме со Аријана Гранде, Бијонсе, Канје Вест и други, бидејќи во наш интерес е да работиме со музичари кои ги обожаваат нашите корисници, во рамки на буџетот кој го имаме“.

„Последните десет години ме обвинуваат дека сум нацист и антисемит. Во музичката индустрија малкумина се тие кои го креваат гласот против Израел. Разговарав со колегите за тоа и велат дека им е страв да го изразат таквиот нивни став. Ако речат било што, ќе им пропаднат кариерите“, вели Вотер во интервју кое го даде оваа година.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top