Home Актуелно РКЕ и денеска на полноќ ќе ги коригира цените на горивата

РКЕ и денеска на полноќ ќе ги коригира цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) најави дека и денеска ќе одлучува за евентуална корекција на цената на горивата, оти, како што велат од комисијата, исполнети се предусловите за тоа.

„Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ“, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Со вчерашното зголемување на цените на горивата, еуросупер БС-95 поскапи за три денари, а останатите горива за 2,5 денари за литар. Литар еуросупер БС-95 денеска чини 107 денари, еуросупер БС-98 се продава по цена од 109 денари. Цената на дизелот е 97,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 95,5 денари за литар.

Пред два дена, пак, во пресрет на прекинот на антикизната мерка со која горивата се продаваа со десет отсто ДДВ, истите поскапеа за девет денари.

Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денара.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…