„Фатен жив“ со две девојки во кревет една недела пред неговата венчавка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Енди Керол, бивш играч на Њукасл, Ливерпул, Вест Хем и англиската фудбалска репрезентација е „фатен“ во кревет со две девојки во Дубаи, пишува британскиот таблоид The ​​Sun.

Керол таму направил ергенска забава со своето друштво која што излегла од контрола, а тој требало да се венча следниот викенд.

Неговите планови биле попречени поради фактот што една од двете девојки била Тејлор Џејн Вилки, која за The Sun ја раскажала својата верзија на приказната. Таа рекла дека не била ни свесна дека била на ергенската забава на Керол. Фудбалерот, според британскиот таблоид, пиел и се забавувал цели 17 часа пред да биде фотографиран во кревет.

„Тоа беше фантастичен ден. Алкохол течеше со потоци и мислев дека Енди одлично се забавува. Тој дојде да разговара со нас. Нѐ праша што правиме и изгледаше пријатно, вистински џентлмен. Во ниту еден момент не спомни дека имал ергенска забава.Ни рекоа дека е роденден на еден од нив. Тој не можеше да направи ништо. Жал ми е за овој хаос, но јас не направив ништо лошо.”

Тејлор ѝ се извинила на свршеницата на Керол, Били Маклу, која била многу лута на напаѓачот на Вест Бромвич. Таа го избришала од социјалните мрежи, но се чини дека ова нема да биде најстрогата казна за него. „Извини Били, знам како изгледа ова, но немавме секс“, ѝ порачала Вилки.