Честито ново име: Турција официјално стана Туркије


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По официјално барање на властите од Анкара, Обединетите Нации ја одобрија промената на името на Турција во Туркије.

До промена на името на Турција дојде откако министерот Мевлут Чавушголу му напиша писмо на генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, јавува Анадолија. Името Türkiye, како што и самите Турци ја нарекуваат Турција, се очекува да биде прифатено од сите земји. Уште во февруари годинава претседателот Ердоган изјави дека името „на најдобар начин ја претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација“.

Лингвистот Игор Радев за начинот на кој новото име треба да се пишува и изговара во македонскиот јазик вели:

– Ние ќе се водиме од фонетиката на нашиот македонски јазик. Веројатно само во официјална кореспонденција што се врши на англиски јазик, Турција (сега Turkey) ќе се замени со Туркије (Türkiye). Ние гласот „ü“ и да сакаме не можеме да го изговориме, затоа што тој глас не постои во македонскиот јазик. Не можеме да ја менуваме фонетиката на сопствениот јазик, пренесува ПлусИнфо.

Од скопскиот институт Јунус Емре потврдија дека во турскиот јазик постои двогласникот „ü“, но на македонски тој се транскрибира во „у“ и така и ќе остане.

Малата лингвистичка дилема се појави и поради фактот што именката Турција, со којашто во македонскиот јазик се именува Туркије, не создржи пежоративни елементи како во именката Turkey на англиски јазик, која може да има и друго значење – мисирка. Именката Турција нема такви и слични значења.

Но ете, дилемата се расчисти. Од сега Турција и на македонски јазик ќе биде Туркије.