Ристоска од СЈО: МВР декласифицираше голем дел од доказите за Тврдина 2


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Министерот за внатрешни работ Агим Нухиу ги декласифицирал поголемиот број од доказите на СЈО, за случајот Тврдина 2, а за кои до неодамна Управата за безбедност и контрарзузнавање (УБК) одби декласификација, односно се правдаа дека овие информации мора да останат класифицирани, бидејќи во спротивно би се загрозила безбедноста на државата.

Ова на денешното подготвително рочиште за случајот Тврдина 2, во кој се обвинети седумина вработени во УБК, за уништување на службена документација поврзана со прислушувањето, го кажа обвинителката Ленче Ристоска.

Постапувајќи по задолжение на судот повторно од УБК и МВР побаравме декласификација на доказите, по што од страна на министерот ни беа доставени две решенија за декласификација на поголемиот број докази. Декласифицирани останаа само деловодните книги на УБК. Решенијата ги добивме од МВР, бидејќи УБК и понатаму одбива да ги прими нашите барање, истакна обвинителката Ристоска.

Денешното подготвително рочиште за овој случај се одложи, бидејќи судијката Лидија Петрова е на боледување, а наредното е закажано за 5 мај. Во судницата, во Кривичниот суд не присуствуваа обвинетите и нивните бранители, освен адвокатката Сања Алексиќ, која истакна дека уште во петокот биле информирани дека судењето ќе се одложи, односно дека судијката е на боледување.

Во случајот, познат како Тврдина 2, првообвинет е Горан Грујоски, поранешниот началник на петтата управа и шест вработени во УБК. СЈО Грујоски го сомничи за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, како што претходно информираше СЈО во случајот Тврдина, исто така биле уништени во текот на 2014 година.