Home Актуелно Ретка појава: Тел Авив со поддршка за Бејрут – либанското знаме светна на плоштадот Јицак Рабин

Ретка појава: Тел Авив со поддршка за Бејрут – либанското знаме светна на плоштадот Јицак Рабин

Во знак на поддршка на жителите на Бејрут, град кој беше погоден од стравична експлозија пред два дена, знамето на Либан светна на зграда на плоштадот Јицак Рабин во Тел Авив. Ова е израз на ретка демонстрација на солидарност во Израел со Либан.

Ројтерс јавува дека знамето е поставено иако Израел технички е во војна со Либан со децении, бидејќи смета дека најголемиот непријател на Израел е Хезболах, либанската муслиманска шиитска оружена група поддржана од Иран.

Сепак, градоначалникот на Тел Авив Рон Хулдај изјави дека „хуманоста е над кој било конфликт“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…