Home Актуелно СДСМ тврди дека има обезбедено мнозинство за формирање Влада

СДСМ тврди дека има обезбедено мнозинство за формирање Влада

Од СДСМ тврдат дека партијата има обезбедено коалициско мнозинство за формирање на нова Влада. Овие тврдења доаѓаат откако Лајм и неколку други медиуми на албански јазик објавија дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се пред договор за формирање на нова влада со премиер-Албанец.

-Очигледно е дека текстовите објавени вечерва се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми, заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти – коментираат од СДСМ.

Од таму додаваат дека во следните денови претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…