Home Шоубизнис Решена е семејно да се скраси: Памела Андерсон по петти пат „рипа в тавче“

Решена е семејно да се скраси: Памела Андерсон по петти пат „рипа в тавче“

Славната некогашна Плејбој зајачица Памела Андерсон во тајност се верила со американскиот продуцент Џон Питерс, пренесуваат американските медиуми.

52-годишната Памела и 74-годишниот филмски продуцент, наводно, се венчале во Малибу, а нивните деца присуствувале на церемонијата.

Питерс потврди дека тој и Памела се во брак по неколкумесечна врска. Тие се запознале пред 35 години, и кратко време биле во врска во 1989 година. Питерс вели дека можел да ги има сите девојки што ги сакал, но тој ја сакал само Памела.

„Отсекогаш ја сакав само неа. Ме излудува на позитивен начин. Таа е многу повеќе отколку што гледате, инаку не би ја сакал толку многу“, изјави продуцент. И нејзините менаџери ја потврдија свадбата.

„Тој секогаш беше за мене и никогаш не ме изневери. Сега сум подготвена и тој е подготвен. Ние се почитуваме еден со друг и се сакаме безусловно. Среќна сум. Ова е доказ дека Бог има план”, рече Памела.

Ова е нејзин петти брак. Минатата година раскина со 18 години помладиот фудбалер Адил Рами, кој наводно ја изневерувал со својата поранешна сопруга.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …