Рекордерот Роналдо: Тие што ме сакаат никогаш не се сомневаат во мене!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо синоќа стана првиот фудбалер во историјата на Лига на шампиони со постигнати 100 гола.

Неговите два гола му донесоа на Реал Мадрид голема победа над Баерн во Минхен и предност пред реваншот на „Сантиаго Бернабеу“.

Роналдо така го прекина голгетерскиот пост во најелитното европско натпреварување, кој траше дури 659 минути. Поради тоа во последно време многумина почнаа да се сомневаат во Португалецот.

„Не знам кои се тие кое се сомневаат во мене. Тие што го сакаат Кристиано никогаш немаат никакви сомнежи. Морате да ми кажете кои се тие луѓе, бидејќи ништо од тоа не дошло до мене“, изјави Роналдо по мечот.

„Јас сум среќен, силно го посакував овој рекорд. Да се направи ова е голема чест, а тоа што го направив против Баерн е уште подобро“, заклучи Португалецот.