Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
15 независни кандидати за градоначалници во рамки на цела Македонија успеаја да ги соберат потребните потписи за учество на претстојните локални избори до денеска, потврди ДИК. Освен нив, потписи собрале и 30 независни советнички листи во различните општини по градовите, јавува МИА.
Останатите независни кандидати ќе го имаат уште понеделник, 30 септември, како последен ден да ги докомплетираат потписите, а канцелариите на ДИК тој ден ќе работат до 24 часот, за да им се пружи уште малку време.
Во меѓувреме, трае увидот на граѓаните во Избирачкиот список. Досега, можноста онлајн да проверат дали се на избирачкиот список ја искористиле само 5164 граѓани. Од нив, 11-мина ги немало, па поднеле барања да бидат запишани во списокот, а 12-мина побарале да бидат избришани. Четири лица од нив побарале да им бидат сменети личните податоци кои се изложени во списокот.
Граѓаните ќе имаат можност да извршат увид во списокот до 9 септември, онлајн преку сајтот www.sec.mk или директно во канцелариите на подрачната единица на ДИК во нивната општина. Приговори во врска со списокот можат да се упатат на официјалниот мејл на ДИК: [email protected].