Нов Зеланд го продолжува заклучувањето на национално ниво за дополнителни четири дена


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со цел спречување на ширењето на новиот бран на Ковид-19, Нов Зеланд ќе го продолжи заклучувањето на национално ниво за уште четири дена.

– Сепак, во голем дел од земјата ќе се ублажат рестриктивните мерки од среда, изјави премиерката Џасинда Ардерн на денешната прес-конференција.

Во земјата денеска се потврдени 70 нови случаи на коронавирус, со што кластерот откриен во Окленд достигна вкупно 347 заразени лица.

Нов Зеланд воведе строг локдаун во рок од неколку часа откако беше откриен само еден случај на инфекција на 17 август, затворајќи ги сите училишта и несуштински бизниси.

– Ние работиме навистина добро, но сепак е потребна претпазливост. Заклучувањето прави разлика, истакна Ардерн.

Од среда, оние кои живеат јужно од Окленд ќе можат да ги напуштат своите домови за основно пазарење и работа. Училиштата ќе се отворат за примарните работници, а бизнисите не смеат да бидат отворени за јавноста, туку можат да понудат услуги без контакт.

Ардерн предупреди дека оние кои живеат во и северно од Окленд би можеле да се соочат со уште две недели строго заклучување.

Ова е прв локдаун на национално ниво во Нов Зеланд од март 2020 година, кога целата земја беше шест недели под најстроги рестриктивни мерки.

Од почетокот на пандемијата, во Нов Зеланд, каде живеат пет милиони луѓе, се регистрирани 2.900 случаи на зараза и 26 починати пациенти.