Регулаторна од 2018 година ќе ја одредува и цената на водата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од први јануари следната година , Регулаторна комисија за енергетика ќе ја одредува цената на водата.

Новиот тарифник прво ќе се воведе во поголемите општини, оние со над 10 илјади жители, а од 2019 и во останатите. Регулаторот ќе има задача да ја утврди највисоката и најниската граница за цената на водата. Потоа градоначалниците и советите на општините ќе треба да утврдат износ кои ќе се движи во тие граници. Ако тоа не го направат , крајниот збор за тоа колку ќе чини водата ќе го има регулаторот.

Според Петров, сеуште е висок и процентот на загуба на вода во системот за што се одговорни и менаџментите на водоснабдителните компании.  Потенцира дека загубата нема во целост да им се признае како трошок.

Лани во јануари со новите измени во законот за енерегетика, регулаторната комиисија за енерегтика доби обврска да ја одредува цената  на водата за пиење. Поради ваквата надлежност  составот на регулаторното тело е дополнето со уште двајца експерти. Ваквата пракса каде регулаторно тело одредува цена на вода се применува во многу европски земји.