Home Вебкафе Редок феномен: Погледнете во каква глетка уживаа милиони Американци (видео)

Редок феномен: Погледнете во каква глетка уживаа милиони Американци (видео)

Милиони луѓе во САД вчера имаа прилика да уживаат во несекојдневна глетка на целосно затемнување на Сонцето, пренесе БиБиСи.

Возбудливиот настан можеа да го видат жителите на САД од Орегон на западот на земјата, до Јужна Каролина на источниот брег. Околу 12 милиони Американци живеат во тој регион каде што можеа да го видат овој редок феномен, кој според некои информации, е најфотографиран и најдобро документиран настан во човековата историја.

Затемнувањето на сонцето е астрономска појава која се случува кога Сонцето ја фрла сенката на месечината на планетата Земја, што може да се случи само кога Месечината се наоѓа помеѓу Земјата и Сонцето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…