Home Спорт Реал раскинува со Адидас и го потпишува најскапиот договор во историјата!

Реал раскинува со Адидас и го потпишува најскапиот договор во историјата!

Реал Мадрид би можел пред истекот на договорот да ја заврши соработката со компанијата „Адидас“, а причината е неверојатната понуда на Under Armour, која изнесува 150 милиони евра годишно.

Реал Мадрид и „Адидас“ соработуваат од 1998 година, а актуелниот договор на клубот и познатиот бренд за спортска опрема важи до 2020 година.

Меѓутоа „Марка“ денес објави дека Реал би можел да го раскине договор со „Адидас“ бидејќи брендот Under Armour понудил 150 милиони евра, за играчите на „кралскиот“ клуб да ја носат неговата опрема.

Доколку двете страни договорат соработка, Реал ќе биде сопственик на најбогатиот спонзорски договор во историјата на фудбалот.

Брендот Under Armour забрзано се пробива на спортскиот пазар, а во САД станува сериозна закана за „Најк“.

Некои од најголемите ѕвезди во САД, како Стеф Кари, Том Брејди, Мајкл Фелпс, се спонзорирани од овој бренд. Опремата на Under Armour ја носат фудбалерите на Тотенхем и светскиот рекот број еден, Енди Мари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…