Home Спорт Реал Мадрид пред кошмарен антирекорд

Реал Мадрид пред кошмарен антирекорд

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е на пат да постави антирекорд во историјата на клупското ривалство со Барселона.

Три кола пред крајот на сезоната во шпанското првенство „кралевите“ се на третото место на табелата со цели 18 бода помалку од шампионот Барселона.

Ако таа разлика остане до крајот на првенството, тоа ќе биде најголемата разлика помеѓу Реал и Барса во историјата на Примера, пренесува „Марка“.

Рекордот е 17 бода од сезоните 1995/96 и 2017/18, а најголемото заостанување на „кралевите“ од лидерот е во сезоната 1995/96 кога во 33-то коло заостануваа цели 21 бод од лидерот.

Минатиот викенд тимот на Зидан загуби од Рајо Валекано со 1:0, а во следните три меча игра протов Виљареал, Реал Сосиедад и Реал Бетис.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…