Разводот ја направи побогата и од кралицата Елизабета


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


50-годишната бивша Мис Велика Британија, сегашна кантавторка, Кирсти Бертарели, по разводот од милијардерот Ернесто, наводно стана најбогатата британска разведена жена, а таа има повеќе пари дури и од кралицата Елизабета II. Кирсти и Ернесто се развеле тајно по 21 година брак.

Ернесто и Кирсти Бертарели тажно потврдуваат дека се разведени“, изјавил нивниот пријател за Daily Mail.

Да потсетиме, Кристи и Ернесто имаат три деца. Таа се омажила за милионерот во 2000 година, а парот води исклучително луксузен живот, патувајќи од едниот до другиот крај на светот, уживајќи во најлуксузните дестинации.

Разводот е договорен за летото следната година. Листата на најбогати луѓе на „Сандеј тајмс“ годинава ги сместил на 14. место, а нивното богатство се проценува на 9,2. милијарди фунти – што е повисоко од БДП на многу земји како Бахамите или Ерменија.

„Нивната одлука била заедничка, се договорија да се разведат“, изјавил нивниот пријател, а парот одбил да зборува за сумата што ќе и биде исплатена на поранешната мис на Велика Британија. Како што неофицијално дознава „Дејли мејл“ се работи износ од 350 милиони фунти.

Тоа би ја направило најбогатата разведена жена во Велика Британија, а би била побогата и од самата кралица Елизабета Втора. По разводот таа ќе биде побогата од музичката ѕвезда Мик Џегер, за кого се тврди дека вреди 310 милиони фунти, Ед Ширан (220 милиони фунти) и Адел (140 милиони фунти).

Нејзин адвокат е Фиона Шекентон, која ги застапувала принцот Чарлс и Пол Макартни за време на нивните парници за развод. Се претпоставува дека Кирсти Бертарели потпишала предбрачен договор пред да се омажи за Бертарели во 2000 година.