Развивање 100 км/на час за две секунди – вака изгледа тоа (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за супер-спортски автомобили кои можат да развијат „стотка“ за околу две секунди, има неколку такви на хартија, а скоро сите се опремени со електричен погон. Но, ако навистина сакаме да видиме како изгледа забрзување, треба да се свртиме кон исклучително добро преработен класик.

Porsche 911 Turbo S е ѓаволска машина сама по себе, која е одлична на рамна патека, во свиоците и на кое било место на земјата покриено со асфалт. Овој примерок од тимот на Екано отвора нова димензија.

Видеото покажува што може ова Porsche од Бахреин да направи под полн гас. На пистата, четвртина од километар ќе мине за неверојатни 8,443 секунди со излезна брзина од 273 км на час. Ќе стигне до 96 км на час за 1,87 секунди и 209 км на час за само 5,31 секунди.

Автомобилот ES1XXX е присутен со години наназад, а наводно е придвижуван од мотор обработен од турски Есмотор. Има околу 1.100 КС и 1.400 Nm и е со погон на сите тркала.