Home Вебкафе Разоткриен типот кој тврдеше дека е момчето што било киднапирано пред 8 години

Разоткриен типот кој тврдеше дека е момчето што било киднапирано пред 8 години

Преку ДНК тест кој му беше извршен на типот кој тврдеше дека е Тимоти Пицен, идентитетот на момчето кое пред 8 години било киднапирано, ФБИ откри дека тој нема врска со споменатиот идентиет, туку е бивш затвореник кој само пробал да дојде до медиумска слава и внимание.

Момчето, кое се појави на улица во градот Њупорт , во државата Кентаки и тврдеше дека е 14-годишниот Тимоти Пицен, киднапиран во 2011 од Илиноис, не е иста личност. Станува збор за поранешен затвореник, 23-годишниот Брајан Мајкл Рини, кој вчера на полицијата, целиот вознемирен кажа дека е 14 годишниот Тимоти Пицен, кој пред 8 години бил киднапиран, а потоа неговата мајка се самоубила.

Рини тврдеше дека има 14 години , што веднаш беше проверено, иако тој дури и во полицијата раскажал како „им избегал на киднаперите” и бегал цели два часа од мотелот во Илиноис за да стигне во пограничниот град Њупорт.

Портпаролот на ФБИ, Тод Лингрен денеска изјави дека лицето кое тврди дека е Тимоти Пицен, е затвореник кој на 7 март бил пуштен од затворот во Белмонт, каде одлежал 14 месеци за грабеж и вандализам.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

20 работи за кои ќе жалите кога ќе остарите

Многу луѓе живеат со мотото дека сè се случува со причина и дека нема потреба да се жали з…