Home Вебкафе Разгалениот син сакал Jaguar – родителите му купиле BMW, па го фрлил в река

Разгалениот син сакал Jaguar – родителите му купиле BMW, па го фрлил в река

Млад Индиец, кој не бил задоволен од подарокот што му го подариле неговите родители – нов BMW автомобил, наместо посакуваниот Jaguar, скапиот подарок го фрлил в река.

На интернет е објавена снимка на која е снимен скапиот BMW автомобил како „плови“ по реката во северната индиска покраина Харјана. Подоцна се насукал во високите треви на брегот, а дотогаш разгалениот син на локалниот богаташ се премислил и решил да го спаси BMW-то.

На крајот во цела ситуација се вклучила и полицијата, која истражува што точно се случило. BMW автомобилот кој му го купиле родителите на синот чинел 3,5 милиони индиски рупии, додека посакуваниот Jaguar чинел меѓу 4 и 5 милиони рупии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…