Home Актуелно Разбојници ограбиле двајца скопјани во Центар и во Гази Баба

Разбојници ограбиле двајца скопјани во Центар и во Гази Баба

Двајца скопјани вчера биле нападнати и ограбени во два одвоени случаи на кејот на Вардар во Центар и во парк-шумата Гази Баба.

Вчера во 15 часот, И. Ш. (37) од Скопје пријавил во полицијадека истиот ден околу 13 часот во Скопје на улица Кеј 13-ти Ноември две непознати лица физички го нападнале и му зеле 4.000 денари.

Неколку часа подоцна, Е. Н. од село Бојане, Скопско, пријавил дека околу 14.30 часот во парк-шумата Гази Баба, го нападнале три непознати машки лица и му украле мобиле телефон и паричник.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…