Процесот за безвизен режим меѓу Македонија и Кина е во крајна фаза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Процесот за воспоставување на безвизен режим меѓу Македонија и Кина е во крајна фаза. За ова било разговарано и на средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот кинески колега, Ли Кечијанг, и кинеската владина делегација на маргините на седмиот Самит на шефови на влади од процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа.

Со укинувањето на визите, Заев рече дека очекува да се зголеми движењето и комуникацијата помеѓу граѓаните на двете земји што ќе резултира со развој на туризмот, поголема културна соработка, поврзување и воспоставување на поблиски релации, пренесува „Макфакс“.

„Сакаме да ги отвориме перспективите за продлабочување на економската соработка со Народна Република Кина и да соработуваме на проекти кои ќе придонесат за инфраструктурен и економски развој на земјата“, истакна премиерот Заев кој рече дека е многу значајна поддршката што кинеската Влада ја пружа во напорите за забрзување на изградбата на двата автопати, Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип.

Кечијанг порача дека Кина ќе продолжи и понатаму да ја поддржува Република Македонија и истакна дека зголемувањето на соработката е многу важно бидејќи двете земји се насочени кон економски развој кој треба да придонесе кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.