Досега извлечени 6 момчиња од пештерата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шест момчиња досега се извлечени од пештерата во Тајланд каде беа заробени повеќе од две недели, изјавил член на спасувачката операција од медицинскиот тим за Ројтерс.

Спасувачката акција за извлекување на 12 деца и нивниот тренер почна утрово во 10 часот по локално време, а првичните проценки беа дека првите деца ќе бидат спасени во 21 часот. За среќа, засега акцијата се одвива добро и децата почнаа да се извлекуваат уште порано од предвиденото.

Спасените деца веднаш се префрлени во импровизирана амбуланта во близана на пештерата каде се подложени на детални медицински прегледи.

Тајландската Влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже. Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги истркалаат низ премините.