Home Вебкафе Разбојник безобразно флертуваше со судијката на сослушувањето

Разбојник безобразно флертуваше со судијката на сослушувањето

Уапсениот разбојник Демитриус Луис се појавил пред судијката Табита Блекмон на округот Броуард, за време на виртуелно сослушување и брзо почнал да ја опсипува со комплименти за изгледот.

Луис, кој наводно се обидел да упадне куќа во Форт Лодердејл, и рекол на судијката дека е прекрасна. „Само треба да ти кажам, ти си убава. Те сакам, те сакам”, и вели тој. Сепак, иако судијката се смееше,веднаш му рече дека ласкањето на суд нема да го однесе далеку.

Луис е обвинет и за поседување екстази, а на снимката се гледа и како обвинителот предлага кауција од 7.500 долари со оглед на тоа што имало деца на имотот каде што тој се обидел да упадне. Судијката на крајот му одредила кауција од 5.000 американски долари.

Снимката предизвика бројни реакции и на социјалните мрежи, а некои не можеле да поверуваат дека е судијката е вистинска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…