Раул Гонзалез: Горд сум што ќе бидам селектор, ќе го дадам максимумот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот стратег Раул Гонзалез попладнево и официјално беше презентиран за нов селектор на македонската ракометна репрезентација.

Федерацијата и шпанскиот тренер потпишаа договор кој започнува да важи од 1 април 2017 до 1 септември 2020 година.

Новиот селектор побара една недела за да се запознае со новата работа, а потоа ќе ги избере своите асистенти за првиот натпревар на 4-ти мај против Исланд.

„Горд сум што ќе бидам селектор на Македонија. Веднаш ќе почнеме со работа и јас ќе се вложам максимално, како и секогаш. Ќе преферирам асистентите да бидат домашни тренери. Немаме многу време до тој прв натпревар, размислувам за играчите и размислувам за Исланд. Преферирам да бидам мирен, но ќе одиме чекор по чекор. Добро е што не морам да патувам, бидејќи сум тука“, изјави Раул Гонзалез.

„Мислам дека вклопувањето нема да биде тешко бидејќи ги знам македонските играчи, сакам во наредниот период да поразговарам со сите посебно и верувам дека ќе се подготвиме добро за предизвикот кој не очекува“, додаде новиот селектор.