Раул го објави поширокиот список за баражот со Романија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ден по завршувањето на фајнал-фнал форот во Келн, тренерот на црвено-црните и селектор на македонската репрезентација Раул Гонзалез го објави поширокиот список на сениорите за бараж натпреварите за СП со Романија

На поширокиот список на Гонзалез, се најдоа 28-мина ракометари, од кои Шпанецот, ќе ги одбере 16-мината за двете бараж средби против Романија за пласман на СП 2019.

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Јане Цветковски.

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски.

Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Димитар Димитриоски.

Пиикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Костадин Петров.

Првата средба од баражот се игра на 10 јуни во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 20.30 часот, додека реваншот во Романија е на 13 јуни во Клуж со почеток од 17.30 часот.