Home Актуелно Рано утрово земјотрес почувствуван во Прилеп

Рано утрово земјотрес почувствуван во Прилеп

Утрово во 4 часот и 39 минути Прилеп и прилепскиот регион ги погоди земјотрес со магнитуда од 2,3 степени според Рихтер.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 04 часот и 39 минути регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓал на 65 km јужно од Скопје, во подрачјето на Прилеп.

Магнитудата на земјотресот била 2,3 степени според Рихтер.

Според досегашните податоци земјотресот бил почувствуван од населението во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…