Рамос лут на навивачите на Севиља: Ракитиќ го чекате како Бог, а мене ме навредувате!

SEVILLE, SPAIN - JANUARY 12: Sergio Ramos of Real Madrid CF celebrates after scoring the second goal of Real Madrid CF with his team mates during the Copa del Rey Round of 16 Second Leg match between Sevilla FC vs Real Madrid CF at Ramon Sanchez Pizjuan stadium on January 12, 2017 in Seville, Spain. (Photo by Aitor Alcalde/Getty Images)

Легендарниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос уште еднаш беше спасител за својот тим, овој пат протув Севиља кога со својот гол од пенал му помогна на „кралевите“ да останат непоразени.

Серхио Рамос е дете на Севиља, клуб каде дојде како 10-годишно дете, а во 2005 година се пресели во Реал Мадрид и тогаш стана најскапиот шпански тинејџер.

Дефанзивецит синоќа по прв пат го прослави голот против својот поранешен клуб, а публиката го испрати со свирежи и навреди.

„Не покажав непочитување према навивачите на Севиља, баш спротивно. Од оние кои се фер побарав прошка, а овие кои ме навредуваа цел натпревар и мене и мојата мајка – за нив воопшто не ми е гајле. Секогаш кога се враќам во Севиља се случува ова и веќе ми е доста“, истакна Рамос.

„За разлика од мене Ракитиќ и Алвеш не се деца на Севиља, но исто така овој клуб го заменија со друг. И додека нив овде ги дочекуваат како Богови, мене 90 минути ми пцујат мајка“, додаде дефанзивецот.