Home Шоубизнис Рамбо Амадеус: „Сакам сам себеси да се тужам во Хаг“

Рамбо Амадеус: „Сакам сам себеси да се тужам во Хаг“

Рамбо Амадеус во изјава за „Радио Слободна Европа“, 2000 година:

„Јас, исто така, сакам самиот себеси да се тужам бидејќи својата прва плоча ја именував Tugo jesenja, turbo folk. Го именував тој правец во музиката да се вика турбо фолк и се чувствувам како Нобел кој го измислил динамитот и мислел дека ќе се користи во градежни цели, а луѓето почнаа да војуваат со него.

Или, уште поскромно, како Ајнштајн и неговата E=mc², па потоа беше изработена атомската бомба. Не сум сигурен колку жителите на Хирошима го сакаат Ајнштајн поради тоа. (…) Планирам самиот себеси да се тужам во Хашкиот трибунал, да видам дали навистина учествував во подготовката на таа психолошка состојба за луѓето после тоа да бидат во состојба да војуваат. Сè повеќе ме мачи таа работа, па нека се докаже таму во Хаг дали сум виновен или не“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Натали Портман за третото бебе: „Ова мало волшебно суштество ме исполнува со радост“

Натали Портман проговори за животот како мајка на три деца по раѓањето на првото заедничко…