Home Вебкафе „Водевме љубов и беше прекрасно“: Таа 71 година, тој 17 – брак од соништата

„Водевме љубов и беше прекрасно“: Таа 71 година, тој 17 – брак од соништата

Гери Хардвик имаше 17 години кога ја запозна 71-годишната Алмеда, и како што вели тој, се заљубил во неа на прв поглед.

Тинејџерот и бабата се запознале на погребот од нејзиниот син кој починал на 45-годишна возраст, а завршиле во љубовна врска два месеци подоцна.

Гери, кој кратко пред врската со Алмеда раскинал со друга 77-годишна баба, вели дека знаел оти Алмеда е жената на неговиот живот штом ја здогледал и дека поради тоа ја побарал за сопруга после само два месеци врска, на што таа, нормално, се согласила.

Две години подоцна, парот уште е во брак и тврдат дека се посреќни од било кога.

„Кога некој искрено го сакате, годините се само бројка“, вели Алмеда и додава дека никогаш не се плашела од разлика во годините, а и Гери е со ист став.

„Никогаш не ме привлекувале млади жени. Ме порасна баба ми која одлично ја прифати мојата партнерка“, вели вљубениот тинејџер.

Сепак, иако тие двајца живеат во среќа и  хармонија, многумина не се задоволни од нивната врска, вклучително и синот од Алмеда кој со неа не разговара веќе две години.

Сепак, нејзините шест внуци се среќни поради нивната баба бидејќи, како што велат: „Важно е таа да е задоволна“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…