Home Наука и техонологија Ракетата на Space X со двајца астронаути на НАСА успешно лансирана во вселената

Ракетата на Space X со двајца астронаути на НАСА успешно лансирана во вселената

Двајца астронаути на НАСА успешно полетаа кон вселената со ракетата „Space X“. Ова е првпат по речиси цела деценија двајца астронаути да полетаат за во земјината орбита од американска почва.

Лансирањето е изведено во планираниот термин во 21.22 по средноевропско време. Американските астронаути Роберт Бенкен и Даглас Харли веќе се на пат кон Меѓународната вселенска граница. Ги чека пат од 19 часа. За тоа време ќе ги тестираат системите во капсулата, а дел од патот ќе го отспијат.

Инаку, временските услови, часипол до пред планираното лансирање, не одеше во прилог на астронаутите. Ова е заедничка мисија во која НАСА за првпат користи приватно вселенско летало, Space X, компанија во сопствеништво на Илон Маск.

Астронаутите требаа да бидат лансирани во орбитата во средата на 27 мај, но лансирањето беше одложено поради лошите временски  услови во „Вселенскиот ценатар Кенеди“, на Флорида.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…