Home Актуелно Радоста за положениот испит по анатомија 28 студенти може да ги чини по 2.000 евра

Радоста за положениот испит по анатомија 28 студенти може да ги чини по 2.000 евра

28 македонски студенти кои биле собрани во стан за да слават положен испит по анатомија, се соочуваат со парична казна од по 2.000 евра, бидејќи со прославата ги прекршиле здравствените прописи, сметаат од Обвинителството.

-Обвинетите, 28 лица, сите на возраст од 20 и 21 година, на 21 мај во раните утрински часови, биле затекнати при проверка во стан на улицата „Славејко Арсов“ каде биле собрани на прослава за положен испит по анатомија. Со ова тие постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на коронавирусот, а со кои се забранува групирање на прослави и други собири заради заштита на здравјето на населението, велат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог да определи парични казни за сите обвинети од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…