Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зоолошката градина во Берлин, Tiepark, доби нов член и нова радост – малото поларно мече кое го роди нивната поларна мечка Тоња.
Работниците во зоолошката градина објавија снимка и фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како Тоња го лиже своето младенче кое се роди минатиот четврток. Второто младенче се роди мртво.
Новото поларно мече веднаш е почнато да се дои, а уште нема добиено име. Првото младенче Фриц почина во март кога имаше само четири месеци. Причината за смртта не беше откриена.
Степенот на смртност кај младите поларни мечки е 50 насто, а многу е поголем во првите десет дена од животот.