Путин се шегува: „Објавија ли во колку часот и колку минути ќе почне војната?“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во официјална посета на Москва, на разговори со претседателот на Русија, Владимир Путин, за деескалација на тензиите на руско-украинската граница.

Кремљ соопшти дека очекува „подолги“ разговори бидејќи Путин и Шолц имаат „многу прашања за разговор“.

Портпаролот на Кремљ ги опиша предупредувањата дека Русија утре ќе изврши нов напад врз Украина како „неоснована хистерија дизајнирана да ги ескалира тензиите“.

Русија вели дека повлекувањето на некои сили од границите на Украина било планирано и нагласува дека ќе продолжи да ги преместува трупите низ својата територија како што ќе смета дека треба.

„Отсекогаш велевме дека по завршувањето на вежбите… војниците ќе се вратат во своите постојани бази. Нема ништо ново тука. Ова е вообичаен процес“, им рече на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој ги обвини САД дека ја поттикнуваат кризата со постојано предупредување за претстојна инвазија и раскажа дека претседателот Владимир Путин се шегувал за тоа.

„Тој побара (од нас) да видиме дали го објавиле точното време, до минута, на почетокот на војната“, вели тој. „Невозможно е да се разбере ова манично информативно лудило“.

Сè уште не се знае точно колку војници повлече Русија. На границите на Украина има околу 130.000 руски војници, од кои некои се и во соседна Белорусија.